рече (гл.) - поп (имн.)

- Ами кој ќе се помачит друг од мене - рекол попот - кој је будала, за да се мачит како мене?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кое кај паднало, тамо останало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Туку јас не прегледуам дека сум се помачил малку, чунќи ние попоите сме за мака родени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Свите луѓе денеска све со кривината си работеет, све со неа се качиле на високи места, све со неа се обогатиле, и друзи такви - им рекол попот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не - му одговорил правољубецот, - јас не вервам на еднего само; ќе опитаме и друзи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Што да праваме, попе?“ го праша Танаско. „Ништо. Остави го“, рече попот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Пак ли?“ му рече попот Матлија. „Пак, мајчето нејзино; со шумарот сега...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој не само што не ѝ ја тресна вратата, како што му рече попот Матлија, туку се изгушкаа и пак почнаа да си живеат како што си живееја порано: таа го метеше дворот и пееше, а тој ги подмачкуваше вратите да не крцкаат и ѝ помагаше во пеењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ама таму ќе се смират, рече попот, само што ќе се сретнат и ќе се смират.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Бог нека му даде место меѓу праведните, рече поп Танаско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Но кој ти кажа, кој? - Жените, рекол попот и се присетил: - Ќе ми исткаат кошула и ќе ми исплетат чорапи од овча волна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако барала посилен, ќе покажала со прст кон друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Жени се“, рече попот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Подобро... - ѝ рече попот брзајќи да заклучи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- рече попот со стегнато грло и ја склопи книгата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ќе биде божји човек... - му рече попот. - Ајван ќе биде, попе, а не човек... му рече Оруш.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако можа некак да го прелажа да се врати, та после ќе гледаме, ќе правиме! — рече попот и остави едно сандаче пред Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Нема шо, било такцир: си го загуби изгледано детенце, ќе кукам како утка сам", — си рече поп Петко и се врати во Врпоко, каде што закопа еден мртовец и си ја најде мааната пред Србендовци кога го начекаа горе Становица да се враќа за Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„За секој случај не права лошо да го прашам, аке е малецок", — си рече попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, отрова, ќерко, отрова клади, а не каве! — рече попот кога Бисера стана да тура кафе во ѓезвето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Знам, рече попот, ама не може... Имавте еднаш еден Митре... Знаете кој... И доста е...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тоа што те прашувам, пријателе, ништо друго- рече попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ама не сум Грк- рече попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Не знам- рече попот. – Ни по наше ни по грчки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога дедо ми се созеде, го праша: - Кој си бре ти човек? - Поп- рече попот. – Грчки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За Велигден ако не го кажам апостолот и тоа што треба по наше, еве овде сум најтенок- рече попот покажувајќи си го вратот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А детулево? - Киле- рече попот. – Така си го викавме јас и мајка му, бог да ја просто. Име ти е. Крстин, Кицо, Киле...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Божево чедо- рече попот. – Сиромав човек - жив ѓавол!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Што ме гледаш- рече попот- како натемаѓо да си го видел!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Види ја ти неа- рече попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Па- рече попот- служба барам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Па како ќе пееш така? - Убаво- рече попот. – Прво со душата сум наш. Второ Очетонаше го знам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Кај ќе даде Господ- рече попот. – Не ќе се најде ли некоја плевна, некоја зимница... Додека да згрмадам нешто.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А како да ти кажувам- рече попот. – Се стори тоа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Грчки! – се зачуди дедо ми. - Грчки- рече попот. - Тогаш што татка бараш кај мене? - го праша дедо ми од срце.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Бериќетлија ами како- рече попот небаре дома си влегуваше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А не- рече поп Доне. – Штом запролети, ќе ископачам некое нивче некаде по ридиштава, или кај че се најде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ако во нешто се колебаш, ќерко”, рече попот, „овде ќе најдеш смирение. Ајде, кажувај!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто се јасни изгледаат нејасни, прости ми Исусе, си рече попот Ставре и се скубна за брадата за да си дојде на себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тлеела долго омразата, и затоа вака си го наоѓа патот, си рече попот Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лицата им зрачеа од надежта, таа и така е сечија поткрепа, и на силни, и на слаби, си рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А народот по апсаните што не знае каква мака ме мори, може ќе биде ќердосан со долг живот и со долго паметење“. „Амин, боже“, рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Немој да улиш, ќерко“, рече попот Ставре. „Патиштата господови не се секогаш јасни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Добравечер“, рече попот, „господ добрини да ви даде“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)