рече (гл.) - ништо (имн.)

О'Брајан не рече ништо. Зборуваа два други гласа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Филозофот не рече ништо и не изгледаше изненаден воопшто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие очи, бледи како ленената кошула, како летното пладневно небо, не рекоа ништо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И не рековме ништо за дебелината? - Не рековме - се согласив со него - не рековме бидејќи жената е онаква какви што се сите жени што живеат без комоција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа и со такви денови во месецот кога ручекот или вечерата мораш да ја прескокнуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не рече ништо. Отрча затворајќи ја вратата зад себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Некој го известил“, му проструи низ главата на градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Каков список?“ - прашално одговори Карер не давајќи да му се препознае вознемиреноста. Беренц го гледаше со безизразен поглед и за неколку мига не рече ништо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го викна тато и морав сѐ да им речам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не беше ништо страшно. Не ме боли...“ реков, „зошто за една гребнатинка да ве вознемирувам на работа“. Не реков ништо за крвавата маица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А да се провре - низ иглино увце - ти велам...“ тоа мене ме фалеше Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Овие смислиле нешто неубаво - помислив и се исплашив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Зошто не си телефонирал?“ ме галеше мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дисциплинирани и јуначишта. Чуда ќе правиме...“ Џеронимо важно се изнакашла и пак не рече ништо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Никој досега не ми рекол ништо за тоа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)