рече (гл.) - жена (имн.)

- Одвај втасав, Гоце! - рече жената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш Гоце ја потупа по плеќите и рече: - Донке, ти си добра и храбра Македонка!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Нека добредојдат, човеку! Куќата наша секогаш е отворена и пред и по Петровден — рече жената и му направи здравоживо на сите тројца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преноќете тука, кршете го мојот леб И пијте го моето вино, рече жена, нешто кога ја прашавме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа куќа само блосој може да види и ќе нема душман на куќата што не ќе омекне", рече жената, свекрва или којзнае која, и си замина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Така, де", рече жена му со тон на преминување преку оваа "неумесна" забелешка на сопругот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"И јас така мислам", неочекувано рече жена му со една одвај воздржана невоздржаност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мореее... ќе им дојдеме доака, туку што рече женава: „Откако ќе изгине народот“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ВТОРОТО ДЕТЕ: Се доближив и чув каде му рече жената: „Софре и Кате си се на нива, туку може да е тука момичката“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Добро, стани, меко рече жената. - Не можам. Навистина, ногата ми е скршена. Боли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да – рече жената - тука најдовме многу коски од луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Јас имам триесет и три години.“ Потоа седна на креветот спроти нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да,“ рече жената и си го провре јазикот низ празнината каде што ѝ недостигаа предните заби.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Замислете си, - ќе речат жените, - Тој е дотолку неук, што не може да одигра партија вист!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Го фати, а?“ рече жена му, само жена можеше да му биде таа стара пачавра со змиски поглед и бедуинско крпиште на глава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имајќи пари и вујковци, тој веќе има право на неукост и на среќа, но, картите му се неопходни: без нив, тој во најдобрите куќи ќе биде мртовец и него ќе го посочуваат со прст, како да е бегалец од оној свет!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ПОПОТ ПИЈАН ШТО ПАДНАЛ ВО КАЛТА
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кажи, кажи, ќерко - је рекла жената - да ако ти веруаме, ќе тиверуаме, а пак ако не ти веруаме, нема ништо да изгубиш ти.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Имало и некој негои пријатели што сакале да го изваат од калта, арно ама тоа му било мака што не подавал попо рака; да влезат во калта тие за да го изваат, му било и ним мака да се извалкаат и си гледале сеир оти попо неќел да подаи рака за да го изваат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едниот велел, праината је поарна, - праина до краина, велел тој; а другиот оти кривината била поарна.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во истото време син му од царот бил скриен во една одаја и ја гледал од една дупка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- му рекла жената му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој што копа гроб друѓему, сам паѓа во него - рекла жената.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Фала му на господа“, рече жена му, „што се сетиле да те спасат од овие глупости“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што ѓавол те тера пак тука да го ставаш ѕидот“, му рече жена му. „Мрдни се малку понаваму...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од треска никој не останал врзан за сламарник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не заканувај се со тие твои ангели, му рекле жените на попот. - На Петровден, оче Панделиј, ќе ги венчаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Молчи, момче“, рече жената. „Сѐ знам. Знам кого браниш. А сега дојди да ми помогнеш да исцепам дрва. Треба да зготвам вечера.“ Но јас не појдов по неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Млад е“, рече жената. „Ковчињата му се меки. Да викнам ли бајачка?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Некој што те брани?“ „Некој што ја брани својата жена или својата сестра.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А знаете ли вие, честити чавки, дека попчево се вртело ноќе околу куќата на Фиданка? - Знаеме, рекла жена му и самата трудна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Аврам, Петко, Станко. Ете ви и без поп имиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе се исуши по пат,“ ѝ рече жената, мавтајќи ѝ од вратата на автобусот, а потоа додаде: „Со среќа!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сестричке моја, сестриче мила, ѝ рекла жената на најстариот брат, од сè срце би им однела ручек на мажите, арно ама ноќеска некој ѓавол ми влезе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не можеше да се контролира.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Младата жена нежно им го предала детето в раце на своите јатрви и го фатила патот под нозе, сама со таблата на глава и со судбината на врат, како осветен медалјон, невидлив за луѓето, на кој само од Господа било испишано со каква смрт ќе умре и на кое место од неговото небо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија погледна под покривката и здогледа ледени очи и непоткуплив показалец кој ѝ покажуваше да застане во редот. Го послуша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија потрча кон влезот на зградата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Се надевам дека овде има телефон“ -рече Марија. - „Секако“ -ѝ рече жената. - „Таму ќе ви покажат“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се потсетува Богдан на она што му го рече жената во возот кога патуваше за ваму.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Смит“, одговори Винтон. „Смит“? „Чудно. И јас се викам Смит“ рече жената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Што правеше досега, и отсега... - ѝ рече жена му на Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Како не ти ја зеде душата Архангел Михајло... му рече жена му на Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеше да биде поголемо... - Можеше... - ќе речеше жена му на Мил кисело.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Само до Струга“, рече. „Дотаму и одам“, рече жената насмеано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Пушти го Ханс,“ рече жената доближувајќи се кон нив. „Пушти го. Тој е пијан.“ „Он етна свиња.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како би било да се запреме, си рече жената - и небото, и водите пред кои стоиме, и веселоста во детското око, и разгледницата од пред николку дена, со кејот на еден град и мостот, што лежи, толку природно во песокот, додека брановите шумолат, бришејќи ги игрите на нашите стопала по мокриот морски песок.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Седна на масата за вечера. „Доцниш“, рече жена му.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А лаф да шчукна, јаска о ендеко или о коријата и по третите петли, о осунатје фтаса о првите дворои. Влегу о еден двор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ами ка... Јаска и нему метании. Добри људје, златни, прокопцани. У ними остана цел ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Од туа, од вој пенџер, испуљ се, - рече жената.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Тоо ми рече: - Ношја, мајче, а поминаме границата, а не осуна о Корча, а оттаму со камиоци фатиме пат за Боградец, покрај езерото и туа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Замисли си“, ми вели Рајна, „таа жена на Комесарот излегла без лице и без срам на улица и фрла пуфки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така рекла жена му на Комесарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Аман, рекле жените, името се дава за цел живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека се вика Небеска, беше рекла жената, мислев дека е падната од небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)