рече (гл.) - вујко (имн.)

- Му ја знам намерата на Мино! – рекол вујко му Милос.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа вели како ќе рече вујко ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Ништо“, рече вујко ми Герман повеќе за да ми ја ублажи нeугодноста, којашто поради прашањето ми ги црвенееше образите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Сигурно“, отсечно, решително рече вујко ми Герман.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не, не. Не во одредена служба“, сериозно рече вујко ми Герман колку да ме изведе од можна заблуда, обидувајќи се можеби истовремено да го сврти разговорот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Освен до темелните карактери“, рече вујко ми Герман со некоја необична цврстина во гласот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Знаев", рече вујко ми Герман, невоздржано прекинувајќи го моето раскажување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Сметај дека ништо не се случило... ако работата остане само на тоа", во доверба ми рече вујко ми Герман, со што по долго размислување, се согласив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Штом тоа го рече вујко ми Герман, којшто е крајно сериозен човек, со една вродена дарба за љубов кон луѓето, воопшто немаше зошто повеќе да се сомневам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Март е, студено е. Наскоро ќе врне и ќе грми“ рече вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)