рече (гл.) - бате (имн.)

- Не може- рече бате Јоле. – Само јас можам да бидам срна. Моја е срната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Немам лажица- реков јас како божем тој вистински да имаше чинија пилав пред него. - Со една ќе сркаме- рече бате Николче. – Братски.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Бравос- му рече Петре. – Сенце ѝ стави да ѝ се најде? - Иха- рече бате Јоле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ептен си левучар - му рече бате Николче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)