реализира (гл.) - свој (прид.)

Дали Фетхи-беј Окијар сакаше да ја реализира својата голема носталгија кон своите предци токму низ Татковото жртвување, со неговото враќање на Балканот, иако Татко, во исто време, со тоа, го жртвуваше сонот на својата мајка за враќање кон своите во Цариград?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На 29 мај 1944 година Мекдоналд ќе го извести Force 399 “откако пристигнавме овде постојано сме изложени на напади на Хуните и албаските реакционери кои работат заедно“.174 Во овие борби окупаторот и балистите претрпеле големи загуби и не успеале да ја реализираат својата цел да ја принудат Првата македонско-косовска бригада да се повлече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од своја страна, по првите информации за ситуацијата во Македонија, Британците имале појасна претстава за размерите на вооружената антифашистичка борба во Македонија, но сé уште им биле непознати политичките желби на македонскиот народ кој се приклучил кон антифашистичката војна за да се ослободи од фашистичката окупација и да го реализира своето национално ослободување и своето обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На филм почнува да работи како монтажер во 1965 година и следните единаесет години ги минува монтирајќи филмови, вклучувајќи ги и многубројните документарни филмови за Централната информативна служба. 1966-та година, започнува да ги реализира своите сопствени филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зато и притисокот врз нив да чекаат и се приспособат кон потребите и интересите на Организацијата се зголемиле кога веќе тие биле наполно готови да го реализираат својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така, уште во почетокот кога ги правеле првите конкретни чекори, гемиџиите започнале да сфаќаат дека без помошта на Револуционерната организација, со која не сакале да имаат врска, не ќе можат лесно да ги реализираат своите цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веројатно е упатен дека и знаците на лагата најчесто бараат скришни места на лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш и имам речено на мајка ми кој знае колку ќе бевме несреќни нашите мисли ако ни се испишуваа и на лицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Време е да ги откријам знаците на лагата кај момчево“, можеби си мисли токму сега и навистина очекувам да се сврти за да ја реализира својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што го нарекуваме реално и како такво и го примаме и го доживуваме, се оние места, оние криви или испакнатини, кадешто составните делови се на густо поставени и во коишто ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Настојува сѐ да натокми и се случува да не успее да ја реализира својата намера во настојувањето да се прикаже перфектна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поради крајот на студената војна, движењето кон индивидуалистичкиот сло­боден пазар и колапсот на социјалната Margina #21 [1995] | okno.mk 75 држава, обете бирократии сега се во длабока криза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Емпириската социологија со практични цели беше таа што ветуваше дека ќе ги разреши општествените конфликти, ќе ги спречи штрајковите, несигурноста и нередите, то ест ќе им помогне на луѓето и институциите да ги реализираат своите цели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го именуваме 138 okno.mk како реално и што како такво го доживуваме се оние места, криви или испакнатости каде што составните делови се густо посеани и во кои ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што го именуваме како реално и што како такво го доживуваме се оние места, криви или испакнатости каде што составните делови се густо посеани и во кои ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„И покрај сознанието дека ја има откриено патеката што може да го изведе од просторниот и временски затвор по кој талка и тоа без изгледи да ги реализира своите возвишени цели, Поетот останува овде, врзан за јаслите на земскиот живот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)