раѓа (гл.) - нов (прид.)

Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка насетуваше дека, во неговата душа, се раѓа нова емоција, нова возбуда, нова страст, која стануваше посилна од него и се ширеше на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие немаат крај. Кога ќе се исполнат, веднаш се раѓаат нови. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сепак, текстот сакам да го завршам со апел до чинителите на театарскиот чин кај нас: Не ја прикривајте завидливоста, ниту пак потребата од плагијат, оти тие, неретко, раѓаат нови и вредни моменти во творештвото!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Умира ветрот и кога в зора ќе умрат и ѕвездите, со сонцето се раѓа нов ветар, чедо на една длабока ноќна страст.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старите системи се распаѓале и се раѓале нови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби се раѓаат новите Завојувачи?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Разденување... Муграта раѓа нов ден - за арно нека да е! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Самото изложување на границите и неможностите исто така раѓа нови алтернативи во една зона помеѓу која не е ниту еден јазик ниту друг, туку нечујно разликувачки простор неограничен ниту од едниот ниту од другиот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)