раѓа (гл.) - презир (имн.)

Во општество на извртени вредности кај луѓето кои сеуште го сочувале достоинството се раѓа презир, одбивност, непријатност спрема глупоста, баналноста што ја носи безделничењето, екстремноста која се претвора во неморалност, презир спрема грдосијата на маските кои ги прекриваат безличните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој ден е нова лекција на животот, нешто и ќе научиме, нешто и ќе заборавиме, нешто ќе добиеме, нешто и ќе прокоцкаме, на нешто ќе замижиме и ќе проголтаме и ќе простиме, себе си и на другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)