растрча (гл.) - по (предл.)

Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целата снага ѝ се наежави од некакви ситни зрнца што ѝ се растрчаа по кожата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но глувчето си е глувче, ѓаволесто и вражесто: се растрча по клупата, го напна конецот и: фак! - рипна во градите на учителката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Останав сам крај Мајка, додека брат ми и сестра ми се растрчаа по другите сектори да бараат дерман за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Леле, тато, ама цвеќиња! - свика Билјана, ми се откачи од раката и се растрча по полјанката. - Тоа се јаглики! - реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)