расплетува (гл.) - бавно (прил.)

Ја расплетува бавно, без брзање, рибарската мрежа од синот и му се жали на вчерашниот пренос од пливачкиот маратон на актерот којшто со чивавата во скутот седи до неа: Ништо не додоја на телевизијата од селата, ни Трпејца, ни Пешчани. Само Охрид го дадоја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некој (секогаш се наоѓа таков) те забележува, те грабнува како да си нејако џуџе, ти ја отсечува бебешката глава за потоа повторно да ти ја насади и да те остави во градината што цути.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)