раскажува (гл.) - и (сврз.)

Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Раскажувам и барам: коска в коски, збор во зборот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И токму кога ја изгубив и последната надеж дека ќе ја сретнам, ја здогледав; рака под рака одеше со една постара госпоѓа (претпоставив дека тоа е тетка ѝ), нешто ѝ раскажуваше и се смееше; се смееше сосема безгрижно, растоварено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги бележеше и ги паметеше најситните поединости, а ги раскажуваше и ги објаснуваше со извесна поетичност и патетика.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иван Иванович си ја бричи брадата два пати неделно; Иван Никифорович, еднаш. 138 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Иванович е премногу љубопитен. Боже сочувај, ако започнеш нешто да му раскажуваш и нема да довршиш!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)