раскажува (гл.) - приказна (имн.)

Едните пеат, другите рецитираат, едните раскажуваат приказни, другите ги имитираат едните...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
•Хичкок: „Таков беше романот „Куќата на д-р Едвардс“, мелодрамски и навистина откачен роман кој раскажува приказна за лудакот кој стигнува до лудница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секако, Дали измисли доста чудни работи кои не беше можно да се остварат: скулптурата пука, од пукнатината излегуваат мравки, лазат по скулптурата и најпосле, се гледа Ингрид Бергман прекриена со мравки!“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се возевме наоколу цел ден, а тој седеше на задното седиште и ми раскажуваше приказни за Холивуд од старите денови, а потоа застанувавме кај „Gour- met Chalet” да купиме стек за неговата вечера која чинеше колку една моја дневница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Каде ти научи да раскажуваш приказни?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Насловите на книгите раскажуваат приказни - Џанки, Queer, Гол Ручек, Мека Машина, Билетот што експлодира, Нова Експрес, Дивите момчиња, Blade runner.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Претпочитам да раскажувам приказни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедо Спасе пак му раскажува приказни на своето внуче, затоа што го сака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Навечер, пред да заспие, бидејќи тогаш најмногу плачеше ѝ раскажував приказни наместо мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, до крајот на одморот кога овие што те зеле со себе, како за ГРЕВЧЕ се грижат и за тебе, а богами и за твоето мало детенце, па твојата пријателка-баба му раскажува приказни пред спиење за ти да можеш да си ја смириш мигрената, и заспива заедно со твоето и нејзиното.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почна да ѝ ја раскажува приказната за својот брачен живот, но на негово изненадување таа како да ги знаеше нејзините главни моменти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
7.2 И би небичас Во мене Јас Со Јас-твото На Собор: Паѓаат ровји Доаѓаат води Заминуваат војски Се раскажуваат приказни Во тајни одаи На небесата.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Дамки. Раскажуваат приказни. Презумпција на живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ако имав мои деца ќе настојував да им ја толкувам улогата на баба што раскажува приказни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А тие, „мајките“, што беа со нас, не собираа околу себе, ни пееја песни, ни раскажува приказни, измислуваа разни игри и занимања.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се раскажува приказна на филм, не би требало да се користи дијалог, освен ако не е можно друго решение.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Раскажувам приказна. Карлос Кастанеда Учењеото на дон Хуан ... 102 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А една тишина легнала во ќелијата, како кога мајка ни раскажуваше приказни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ништо не ѝ реков. Незадоволен, си легнав без да барам од неа да ми раскажува приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Порано секоја вечер, без исклучок, ми раскажуваше различни приказни, нејзини, измислени, а сега сè поретко, оти наместо нив имаме други интересни теми за разговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)