раскажува (гл.) - дедо (имн.)

Тие меѓу себе, тој со себе.  Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури некои нивни заптии23) бегови напаѓаа на честа на нашите жени, невести и девојки.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Бериќетот е добар, - почна да раскажува дедо Петре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- А мене тоа ми го раскажувал дедо ми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Раскажи им го тоа на своите деца. Тие ќе ти веруваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие ѕидини, на кои дедо му живо се сеќаваше, беа битни делови на историската хроника на градот, а со тоа и на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)