раскажува (гл.) - баба (имн.)

Ја засакав оваа книга, по стопати ги читав песните, многу од нив веќе знаев и на памет, но најинтересно ми беше тоа што во напишаните песни ги препознавав чудесно убавите песни што знаеше да ни ги раскажува баба Велика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Од кај знаеш пак ти за самовили? – се зачудив. - Знам, ми раскажувала баба ми Радица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И во градинка учителката еднаш ни читаше една приказна за нив – тивко прошепоти и почна да плаче. – Тие ги грабаат малите деца и ги носат далеку од родителите – плачеше таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беше приказната што ми ја раскажуваше баба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вака раскажуваше баба ми Катарина: Првин се разлајаа кучињата во долниот крај на селото, покрај патот што од крајните куќи излегуваше кон полето, а потоа лаежот како бран се засили низ сето село.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Знаевме - приказните ги раскажуваат бабите, а дека знае да раскажува и книгата-не верувавме!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)