раскажува (гл.) - ми (зам.)

Го паметиш? – праша. - Дали го паметам! – се зачудив во себе, а изговорив: - Ајде мамо, те молам, раскажувај ми уште нешто за него, ако не ми го споменуваш почесто, ќе го заборавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тогаш барем раскажувај ми, - му велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На другиот ден првата брезичка замоли: - Сестро, ајде сега раскажувај ми ти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога од студ поради туѓиот суд пукаат пријателствата, раскажувај ми за огнот. Ќе ме топли пркосот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не раскажувајте ми приказни, пробајте и тогаш ќе седнам да дебатирам со сите што поминуваат или поминале низ истото обележување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)