раскаже (гл.) - како (прил.)

Рицман, пак го слуша својот глас, раскажи како си и како си живеел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Раскажа како растат печурките во сребрената ноќ по дождот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И пак почна да го прашува Сашо. Тој ѝ раскажа како беше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ило веќе беше станата. Ми раскажа како си поминала вечерта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Утре ќе го закопаме на закон, рече баба, зашто човекот ќе дојде и ќе ни раскаже како е убиен, дали многу се мачел и дали нешто рекол, дали нешто порачал кога умирал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)