раскаже (гл.) - ми (зам.)

Ќе му рече: „Раскажете ми за животот во времето кога бевте дете. Како беше во тоа време?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седни до мене и, долго и широко, раскажи ми прво за твоите впечатоци, потоа за впечатоците на сите други, што ме гледаа и слушаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ќе фатело да вели: „Раскажи ми бе дедо, раскажи ми... “ та да му се смачи на човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Па ако ме сакаш, раскажи ми една малечка приказна!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ајде, дедо, раскажи ми! - молеше Васко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ама и не се откажува од можната забава. Му вели: „Тогаш раскажи ми приказна!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Што мислиш?“ го прашав. „Мислам на еден жолт путер од детството“, ми рече. „Раскажи ми“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А сега полека раскажи ми што се случило“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Раскажи ми сѐ што знаеш, сѐ, што мина през глава ти во живот ти целиј.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Раскажи ми твој’т помин, јадове и глоби, милвам ја да слушам, бабо прикаски од баби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Доста, бабо, плака, стенка, избриши си с'лзи, раскажи ми твој'т помин, јадове и глоби.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)