разотвори (гл.) - прозорец (имн.)

ПОПЛАДНЕ Одненадеж се покажа тој ветар што ги разотвори прозорците, го издолжи и го обезличи твојот глас, ги расфрла твоите зборови и исчезна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Штом тој влезе во затемнетата соба, каде што лежеше болното девојче, ги растрга пердињата, ги разотвори прозорците, без да ја праша мајка ѝ на Зорица.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Минато На д-р Миле Врчаковски Утрово еден црн, еден безмилосен ветер, со крвави заби, со крвјосани очи, со окрвавена кошула по рабовите, ги разотвори прозорците, ги расфрла книгите, ме повлече за раце и ме фрли во оваа безобличност и пустош...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)