размрда (гл.) - нога (имн.)

Отиде до трпезаријата да ги размрда нозете и да се напие вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Братучедите се умеа што прават, дали да станат да ги размрдаат нозете, да се прашаат некако или да не мрдаат ако не сакаат што не им треба и туку тогаш од зад себе го чуја гласот на Љакета како им вели: - Станете ако сакате.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Внимателно се обиде да ја размрда ногата надевајќи се дека нешто му е изместено, но сепак, при секое подмрднување, болката никнуваше длабоко во ципата и како врел ражен се пробиваше до над коленото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Значи, сепак си побарал визи за излез од Австрија,“ му реков на брат ми. „Побарав,“ рече тој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)