размисли (гл.) - бев (гл.)

Со ова исто чувство се разбудив и некаде во ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со ваквите неурамнотежени размисли бев обземен уште вечерта по сахраната на Самоников, додека се прибиравме со Катерина во нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За среќа наиде Даскалов. Не знам од каде и зошто но мене за момент ми се пристори дека Даскалов штотуку завршил тешка борба на некој ринг и сега се враќа во аголот со насмевка на победник, згора на тоа и сигурен дека немам причина да му го запустувам задоволството.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И мислам дека борејќи се со вакви размисли бев на пат да совладам цело едно брдо ќебапчиња во ќебапчилницата на Кире Сомунот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)