разменува (гл.) - мислење (имн.)

Си раскажуваат еден на друг што работат; разменуваат мислења, се храбрат еден со друг, се куражат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Разменувавме мислења за импресионизмот, кој тогаш беше револуционерно уметничко движење...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разменуваат мислења и импресии за сè што се случува околу нив двете. Си го прочистуваш умот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Двајца мои другари исто така почнаа да сликаат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако комуникацијата не ја разбираме само како идеализирана говорна ситуација во која вклучените страни толерантно разменуваат мислења креирајќи го на тој начин идеалот за еден демократски универзум, туку ако ги земеме предвид и современите психоаналитички и постструктуралистички сфаќања, тогаш комуникацијата станува далеку помалку идеална.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)