размачкува (гл.) - малтер (имн.)

Се чинеше како Френк да вели: „И јас го размачкував малтерот и ги редев блоковите врз сенката на твојата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му ги гледаше рацете како размачкуваат малтер на ѕидот, како работи со него како со путер, како го засекуваат на рабовите, онаму каде што тулите се допираа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел веднаш виде дека брат му Френк го размачкува малтерот врз еден дел од сенката на девојката, што паѓаше врз ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)