разликува (гл.) - по (предл.)

Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа почна да му зборува на Сандри, слично како и Марин Крусиќ: дека луѓето изгледа не се разликуваат по верата, туку по силата и богатството, а по сиромаштијата најмалку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)