разгорува (гл.) - оган (имн.)

Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован Стојче-Столетников и Симон Наконтик го разгорувале огнот. Се намалувале, можело да се биде и помал виновник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Распретува пепел врз огништето, жарка светнува, крши суварки, се ведне - со здивот го разгорува огнот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Толку е страстно, го разгорува огнот во секој што има и најмало жарче што тлее.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој беше станат и го разгоруваше огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)