разголи (гл.) - до (предл.)

Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)