развие (гл.) - нов (прид.)

Сѐ повеќе и повеќе од нас стануваат магловито-логични шамани и дигитални алхемичари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мора да се развие нова антропологија: карактеристичната способност на нашиот вид да складира, обработува и пренесува стекната информација (“човечкото достоинство”) треба да се разбере преку оваа пракса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, кога огромна низа на злоупотреби и узурпации, кои сите без разлика водат кон истите деструктивни цели, ќе ја нагризат ткаенината на органскиот живот и спокојната хармонија на планетата, во ред е, органска должност е да се напуштат таквите морбидни собири и да се развијат нови посакувани социјални структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Киберпанкерите, растејќи во 1980 и 1990-тите, развија нови метафори, ритуали и животни стилови за соочување со универзумот на информации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)