развие (гл.) - во (предл.)

Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Имаш превисоки критериуми” - тоа беше аргументот да не ми се дозволи дејноста што, подоцна ја развив во Дело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во ова воено подведување и проводаџиство учествуваат сите машко-воени, патријархални структури во земјата, а најмногу српскиот националсоцијалистички и хрватскиот клеронационалистички клин, што го забија во народното тело, не допуштајќи телото да се развие во една несудбинска, рационална, демократска општествена структура, па ни по цена на смрт на самото тело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
153. И во овој поглед Мисирков ја антиципира блиската реалност: професорот Ј. Цвииќ токму таа теорија ја разви во своите „научни” трудови /1904-1906/, докажувајќи дека Македонците се „флотантна маса” од која може да се измесат и „Срби“ и „Бугари“ – во зависност од тоа кој ќе ги завладее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се чини разумно да се очекува дека AI или ќе биде протерана во историската канта за ѓубре за можеби интересни, но не повеќе корисни јазички игри; или можеби ќе се развие во гранка на инженерството, за конструкција на структури слични на мозокот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Приказната за паричникот и футролата, ѝ напишав, токму поради недостатокот на некои детали, може да се развие во вистински расказ, недовршен и податлив за фантазерска надоградба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Мислиш, дали со текот на времето нивното пријателство може да се развие во љубов?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не дали може, туку дали мора така да се случи – тоа ме интересира. - Не мора, но може – рече Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истовремено, непостоењето на општествен поредок ги спречи припадниците на руската интелигенција од „интелигенти” да се развијат во интелектуалци, што е востановен процес кај едно утврдено демократско општество.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
92 Појавувајќи се во 18 век во Британија, Франција и Германија, и првично однесувајќи се на дискусии за литературни дела, овие форуми бргу се развиле во институции за политичка дебата и учество во политичкиот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Козма Прутков, Раководител на Одделот за мерки, вистински статски советник и кавалер на различни ордени. 1859 година (annus, i.) Забелешка: Во бројот на различните забелешки на маргините на овој проект се наоѓаат и следниве, што Козма Прутков, веројатно, сакал да ги развие во посебни проекти: 1) “Да им се нареди на сите уредници на приватни печатни органи да ги пренесуваат раководните написи од официјалниот орган дозволувајќи им само нивно повторување и развивање”; 2) “Да им се стави како обврска на сите раководители на одредени делови од управата: без престан да водат и постојано да ги соопштуваат во една централна управа списоците на сите лица кои служат под нивно раководство, со ознака наспроти секого: какви весници и списанија добива?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разјаснувањата од овој вид честопати се речиси неопходни заради незавидната финансиска положба на нашата скапоцена татковина. okno.mk 133 Оставајќи го овој недостоен труд на разгледување на највисокото раководство, си гајам дрска надеж дека тој нема да ми се припише како вина, служејќи како несомнен израз на срдечната желба на верниот човек: да придонесе според силите на толку високо почитуваната од него добронамерност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)