разбере (гл.) - оти (сврз.)

Не ќе се најдат ли и кај нас луѓе што ќе разберат оти довербата на малите држави кон нашата татковина ќе зависи од наши стамболовци и свирчовци, но коишто ќе ја видат опасноста за нашите национални интереси не во Русија, ами во Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу ги споменуваше душманите, мислејќи на Турците и на Фанариотите за кои дури подоцна разбрав оти тие биле грчки попови и гркоманите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури и Мартин беше комита, иако играше невесело, знаејќи дека децата кога ќе разберат оти Бошко му е јатак на Лумана ќе го ненавидуваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сватовите се советуваат со недели напред, и обично одат на пазар без пазар, кога градот е помирен, кога можат послободно да се пазарат со Пушмарковци за шамии, со Алекса баба за бакаллак, со Јашмакот за чевли и со други прилепски трговци, коишто, кога ќе разберат оти е за свадба, не ги пуштаат муштериите па дури и „под зијан" да дадат, само да е за „аирлиа" радоста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)