разбере (гл.) - сѐ (прил.)

Трајанка тукушто влезе дома и тукушто почна да ѝ кажува на мајка си што се случило, одајата се наполни со жени и деца кои сакаа да разберат сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се разбра сѐ , луѓето му рекоа на Цанул: „Зошто не го отепа...?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Затоа пак Миклош, кој, несфатливо како, разбра сѐ од нејзините зборови, прибрано ја пофати Калија под мишките и почна да ја станува од студените плочи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)