разбере (гл.) - независен (прил.)

Геј-женственоста во голема мера е хомосексуална појава, дотолку што истополовата желба не може да се раздружи од околностите во кои се создава; таа не е само израз на половата меѓупоставеност или на женственоста, без никаква еротска состојка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа сложеност не е ништо друго освен последица – неизбежна, иако, се разбира, не тотална или сеопределителна – на општествената семиотика на родот и на сексуалноста во еден хетеронормативен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Треба да се разбере независно, во сопствена смисла.365 Со оглед на сиве овие размисли, не би било мудро да се обидуваме да ја концептуализираме машката геј-женственост, а ни оние машки геј-културни практики што може да изгледа дека се пројавуваат во неа, издвоено од истополовата сексуална желба, која е корелативна со неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа единствена, трансверзална општествена состојба на мажите кои посакуваат мажи води до обродување на машкиот геј-субјективитет кое е особено и несведливо на обродувањето на ниедна друга субјектна положба. ‌Така, машкиот геј-субјективитет не може да се асимилира ниту во субјективитетот на хетеросексуалните жени, како што би укажале некои теории за третиот пол, ниту во субјективитетот на стрејт-мажите, како што би сакале некои застапници на геј-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)