разбере (гл.) - колку (прил.)

Тогаш за првпат разбра колку нешата се смениле, оти му беше тешко и непријатно да го зборува јазикот што (сѐ уште) совршено го познаваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не разбрал колку е слатко јадењето кога си гладен.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)