разбере (гл.) - како (прил.)

Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А не беше ни способен да ја разбереш деликатноста на женското срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никогаш нема да разберам како си дозволи да го направиш тоа, ноншалантно како исцеден лимон ја отфрли љубовта, поради своите себични потреби или од чиста пакост и злоба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако го споиме со нашето секојдневие, го разбереме како целина, како единствена сцена, во која временските кадри се само исечоци на едно заедничко постоење, тогаш можеби ќе ја вратиме љубопитноста на детето-поет во нашите очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Курсот имаше за цел да се разбере како дејствува оваа противакултурација, точната логика според која субјектите што се геј- мажи им се опираат на повиците да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини. ‌Тоа е целта и на оваа книга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од малку нешто прочитаното за историјата на работничкото движење, од малкуте книги во својот кабинет, се обидуваше малку од малку да разбере како можат селаните веднаш да станат работничка класа, и тоа од обични козари, овчари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ремзи Прнаска, професор на Универзитетот „Сорбона” „Drita” Tirana,10 maj 1998 Сосем е природно, за книжевната критика и странскиот читател, романот Времето на козите на Луан Старова да биде разбран како гротескна алегорија против диктатурата која се потпираше врз насилничката идеологија, алегорија која истовремено се потпира врз балканското битие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Комшијата нѐ префрли до болницата и дури таму разбравме како се...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Побрзо да ни оздравиш. Што ќе правиме без тебе? Нели си ни водач...“ реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ташко нека ме замени...“ рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)