разбере (гл.) - друг (прид.)

А јас, како број 1, свртена на истиот правец во спротивна насока, пишувам со кратенки, за да не ме разберат другите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Единствената судбина во преживувањето му преостанува да го разбере другиот, да ги сподели разликите во потрага по заедничкиот излез и посреќно место под сонцето на рланетата Земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По крајот на Отоманската Империја, историјата на новата независна татковина Албанија ќе се совпадне со татковата младост, со неговата судбина, за да може да ја разбере својата земја, да ги разбере другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На средбата со македонските писатели, откако од претседавачот на собирот беше претставен и со искажувањето дека Роже Кајоа го поставува човекот во центарот на рланетата Земја, како најсовршено суштество, тој непредвидено го прекина предавачот и несогласувајќи се со неговото тврдење дополни: Не, почитуван претседателе, јас никогаш не сум го поставувал човекот во центарот на егзистенцијата, за мене човекот е и како другите животни, кој произлегува од делувијалниот период, со незавршена еволуција...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Колку човек може да го разбере другиот?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакав уште поодамна да ви пишувам за една средба во Македонија со познатиот француски есеист Роже Кајоа, чии мисли за човекот и книгата ми се врежаа засекогаш во меморијата и тие асоцијативно се активираа во мене читајќи ги вашите последни писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)