пушти (гл.) - абер (имн.)

- Голема- рече Едо. – Ние бевме стокмени за Простение Господово да му застанеме пред црква, да не го пуштаме да влезе и да му ја дадеме дирлата, ама тоа куче Куцомолис ни пушти абер: ако вие го истерате попот, ете ме мене со четата в село и ни пепел од тие колибите ваши нема да остане.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе им пуштиме абер кога ќе е време за товарење. Послушај ме, Доце, за наше добро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти кажаа - пуштил абер дека се преженил во Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ги вратиме. - Немаме камења. - Ќе дојдат кога ќе имаме. Или в гора нека се закулничат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А ти, не надевај се. Маж ми ќе се врати. - Ќе се врати кога ќе си го видам тилов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)