пушти (гл.) - ги (зам.)

Бори се. Пушти ги очекувањата да кружат наоколу како најнов трач, додека не им се слоши од вртењето во глава.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Пуштете ги, велам, а в ум си мислам: с иба мајката народот, пак се разлоши, се противи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Еј, Џо! Дојди ваму! Пушти ги бебињата нека си играат!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Погледнав молбено во Земанек и реков: „Те молам, ако си ми пријател, остани со мене. Пушти ги да си одат“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпосле она си остануваше да си биде нивна работа. Тогаш, пушти ги нека си ја вршат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Пуштете ги луѓето, велам, доста е тепање, убивање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)