пушта (гл.) - ни (чест.)

А кујните и ановите не пуштаа ни до портите да им се доближиш со празно ќесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еминовите луѓе не пуштаа ни пиле да прелета. Вардеа како соколи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чекаме и мажите да се кренат, ама тие не пуштаат ни збор, ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, таа не пуштала ни глас, додека ја пресегнувала кон него фатената нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)