пушта (гл.) - внатре (прил.)

А еден ден кога Грдан започна да го носи материјалот на бавчичката, Профим го запре на вратата од оградата и не го пушташе внатре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, кога стигнаа до малото портиче од дворот на Дора, таа му го затвори пред нос и му рече дека не го пушта внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме догледа и пискотливо ме викна додека ги ширеше рацете како да ме пушта внатре. - Ти бегај. Носиш мачка со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)