пушта (гл.) - рака (имн.)

И тој ѝ ја пушта раката и се поздравува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште во муграта, кога виделината одвај пробива преку спуштените завеси, Арсо ја пушта раката под перницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кај застанавме, вели Никифор и пак пушта рака, се мачи да ме преврти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми иде од некаде, ми се присторува дека иде и пушта рака: ме трга да не настинам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Една ноќ ја најдоа убиена. Ја уби Пуше не можејќи да издржи: тој да седи врзан - а други да ја гледаат и да пуштаат раце по неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Подобро”, пушта рака и фаќа една од везачките; таа му се истргнува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
АНТИЦА: (се приближува и од пооддалеку ја пушта раката, така што само прстите му ги подава и пак продолжува да си гледа во ноктите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: Добро ве најдов (оди кај Антица која стои понастрана и ѝ пушта рака). Ти, Антице, како си?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Амин! ѝ ја пушта раката и на Антица, но останува измамен таа побегнува низ врата). Не чини така...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Турците и потурчените за да не пуштаат рака по нашите моми и жени, ги бележевме со христијанскиот крст, а таква никој Турчин и потурчен дома не смеел да донеси...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш кога баба му на Милчо заболе и кога лековите и докторите веќе не помагаа, Милчо обземен од таа биоенергија, почна да се вртка околу креветот на баба му и во почетокот кришум, да не го види таа или некој друг од домашните, почна да ги пушта рацете кон нејзинат глава, да врти со нив над неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Методија попусто пушташе раце да го фати за оглавот, да го задржи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слепата Донка ги пушташе рацете кон луѓето и викаше: - Ви велев ли: несреќите имаат свои патишта...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го запирам дишењето, а тропањето си трае, си иди ко оддалеку. Ја пуштам раката под мене, барам да видам што тропа, од кај иди чукањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)