пушта (гл.) - жила (имн.)

На другиот му истинуваат раните на нозете и болката се шири, пушта жилички што се испреплеткуваат низ сета негова ничкосана снага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дрво беше Филозофот, дрво што колку повеќе расте, толку подлабоко ги пушта жилите свои во земјата, оти растејќи во височина се смирува пониско, долу оди, а смирувајќи се пониско – се возвишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)