пушта (гл.) - никого (зам.)

И не попуштам, не пуштам никого назад. Ќе чекаме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш досега, откако ослепе, не ја чу да се смее, никогаш не почувствува веселост кај неа, никогаш во нејзината спална не пуштала никого од персоналот да влезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така ќе му носите здраво живо на мудурот, јузбашијата и вашиот мифетиш! — им рече, испраќајќи ги преку Сатока.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, портата е затворена. Роднините стојат пред порта со стапови в раце и не пуштаат никого да влезе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги тевтиши што му згазиле во неговата „света земја“; ги псува, ги галати, но донесе пресуда да им удри Брниклијата по дваесет и пет дреновици и ги пушти да му носат поздрав на Арслана, дека Толе се свампирил и не пушта никого во својата територија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)