пуши (гл.) - цигара (имн.)

Зад индиго плавите завеси утрото, пушеше цигара и си замина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
- Дајте ми муштулук, па ќе ви кажам! - рече Рушка. - Добро де... ќе ти дадам - рече Султана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Султана ја подготвуваше вечерата, а Никола седеше и од долгиот цигарлак ја пушеше цигарата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Татко пушеше цигара по цигара, дедо со растреперена рака сакаше да го припали чибукот, баба со рацете скрстени на скутот, се нишаше напред-назад, мајка со образот потпрен врз десната рака, гледаше во растрепереното пламенче на ламбата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон пушеше цигара „Победа“ држејќи ја внимателно во водорамна положба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Докторката ми рече дека мора да престанам да пушам цигари, затоа што од нив ми беше загрозена циркулацијата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
По завршувањето на оброкот жената ја расчистува масата, децата заминуваат во својата соба, мажот го облекува капутот и со обувките за по дома, излегува на балконот. Пуши цигара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таму има веќе неколку остатоци од претходно пушените цигари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да не пие кафе, да не пуши цигара.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мермерните скали, жолтиот столб и малиот трем, издигнат за метар – два од земјата, во пролетните вечери правеа сосем пријатно место, каде вработените во секретаријатот, по некое непишано правило, на петнаесетина минути пред крајот на работното време, се собираа да пушат цигари, опуштено да зборуваат за секојдневните и здодевните работи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога малку повеќе би се оддалечила од брегот, кога би си дозволила да испуши еден Џоинт, трета или четврта цигара, можеби не би можела да се сети каде точно го оставила бебето, посебно не со сите тие растенија, лози и треви, грмушки и дрва, со сиот тој брег како болка од зеленило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа брза да си го врати, да го притисне до себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа вежба оставајќи го на брегот, се оддалечува околу педесет чекори, пуши цигара.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)