пукне (гл.) - зора (имн.)

— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако умра, баре сит да умра, — му рече на Цицот, како ништо лошо да не гледаше во умирачката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога пукна зората, на 14 октомври 1904 година, кај Цоцовци дотрча селанец и на Толета му рече: — Бацко Толе, аскер здола Црна!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)