прочита (гл.) - барем (чест.)

Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако досега не сте си поставиле задача да прочитате книга, поставете си задача да прочитате барем една.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Книга што ќе ја засакате и сигурно ќе ја прочитате барем уште еднаш во животот, единствено ако не ви ја украде некој, и тоа само за да види што ве воодушевува во неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)