прочита (гл.) - негов (прид.)

Толку се труди кутриот, што јас всушност можам и да го прочитам неговото тврдење иако сѐ уште не е изречено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или пак таа не успеа да ја прочита неговата намера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако ги прочитав неговите книги јас постојано им зборувам на сите во кругот на моето семејство и на моите пријатели, ги позајмувам, ги подарувам: дадов еден примерок и на една орштинска библиотека.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она повторување, повторување, повторување: Факт е, повторува иследникот, или предметите од собата, откако ќе ми се внесат во лицето, факт е дека во среда попладне, точно во 17 часот, си виден како и се приближуваш на Јана, ќерката на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не е изречено но може да се види испишано на неговото лице а згора на тоа и на секој предмет во просторијава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си велам исто така дека вие можеби знаете за овој автор, и можеби ги имате неговите книги; во тој случај ќе најдете некого кому да му ја подарите книгава што ви ја испраќам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Требаше, еден ден, кога Татко ќе го дозволеше тоа, да се прочита неговата Историја, да се разберат неговите повици...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)