противи (гл.) - на (предл.)

Но јас не се противам на тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сепак, до решавање на ова чувствително прашање ќе дојде во текот на XIX и на XX век, кога со либералните струи во Шпанија, нараснува свеста за комплексниот шпански идентитет рече Татко замислено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Премногу добро образовани во нашата стара Европа, ние природно веруваме дека постојат мисли, кои упорно ѝ се противат на секоја екстериоризација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малку тоа. Мнозина, па и најголемиот дел од македонската емиграција во Бугарија, ќе се противат на новото течење од чисто егоистички причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За разлика од Катон, Сципион, сметаше дека Картагина треба да продолжи да постои! Картагина му се противеше на Рим. Голијат против Давид!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако тужителот ја преиначува тужбата така што, поради околностите што настанале по поднесувањето на тужбата, бара од истиот фактички однос друг предмет или паричен 58 износ, тужениот не може да се противи на таквото преиначување. (чл. 180, ст.1-2 и чл. 181, ст.1-2 од ЗПП). 4.  Органот ја води управната постапка и донесува решение [како конечен акт] – самостојно, во рамките на овластувањата утврдени со закон и друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)