прости (гл.) - ти (зам.)

Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Простено ти е Велико, вели Неделко Сивески, кај ќе ме познаеш кога и јас не се познавам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)