продолжува (гл.) - сам (прид.)

Лежевме ден и ноќ, ноќи и дни, а горе во времето светкаше крст и ние невини влегувавме во историјата и таму земјата каде што престануваше – ние продолжувавме сами.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но, мораш да го искористиш патоказот кој ти го нудам. Отсега продолжуваш сама“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)