продолжува (гл.) - на (предл.)

Посебно ја ценам поетската слика што ја продолжувате на вашето семејно огниште: една вистинска Академија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мојава приказна продолжува на единственото место кое донекаде умееше да отскокнува од правилата на здодевната улица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)