продолжи (гл.) - напред (прил.)

Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Увото и носот се опуштија во еден милијардит дел од мигот. Противпотегот е успешен. Пионите продолжуваат напред. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)