продолжи (гл.) - вака (прил.)

Власта, онаа вистинска, го заборавила селото, ако продолжи вака ѓаволот ќе дојава на кобила од чии ноздри ќе капе болештина, чума или такво нешто, потоа ќе се лепи за добитокот и за луѓето, мислеше некој од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Боже, Боже“, си рече, „како се мрачи времево. Ако продолжи вака, не само што ќе заврне, туку и прст пред очи не ќе се гледа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Арафат заминал, Бургиба свртувајќи се кон својот министер Бен Сајах, кој го следел разговорот, загрижено му рекол: Каква несреќа! Па тој ништо не разбра.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако продолжат вака, јасно ви велам, Арапите ќе ја загубат Палестина... како што некогаш ја загубија Андалузија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брегот на Профим зарамнет со снег; овошните стебла се оцртуваат на снегот како јагленови рецки исчкртани на хартија; нивните крошни напластени со снег, сосем бледо се уочуваат: кога ќе блесне сонцето, им ја фрла сенката на белината од брегот; куќата на Профим личи на некој замок скриен меѓу два снега: еден што напаѓал одозгора, друг што пораснал одоздола; прозорците, отсечени, со една кривулеста снежна линија, одвреме навреме пламнуваат на сонцето како одвнатре да избувнува пожар; од оџакот се исукува тенок чад кој се шири и се распаѓа како црн туш во вода; ако продолжи вака, ти се чини, ќе го исцрни сето небо; кокошките во дворот се фатени во едно богатство, во една паника, исплашени од секирата на Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тања се нервираше: - Моите пак ќе се лутат, никако да ја вразумат сестра ми, ама ако продолжи вака, и на двете ќе нѝ го ограничат излегувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти, Бреза, сè уште имаш излез до 23:30? – ме праша.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да ги однесе ли чевлите на поправка и да оди некое време бос или да продолжи вака додека не ги искине.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)